Хановер ангажираше лев бек од Хрватска

Неколку дена пред почетокот на подготовките за новата сезона, екипата на Хановер може да се пофали со ангажман на нов ракометар, а станува збор за играч кој доаѓа од Хрватска. Се работи за Домагој Сршен, кој потпиша едногодишен договор и ќе ја започне својата нова авантура со своите нови соиграчи уште овој четврток.

Новиот играч доаѓа во Хановер по двегодишниот престој во унгарскиот Орошази, а претходно играше во Загреб и Мешков Брест. Со неговата силна градба, Сршен е одличен играч во дефанзива и ќе биде одлично засилување за одбраната на Хановер.

Сршен е роден во Њујорк, а во Хановер ќе има можност да игра заедно со својот роднина, Илија Брозовиќ, што ќе биде одлична можност за брза адаптација.