Халил Јагањац: За повеќе против Монпелје, ни требаа уште двајца играчи во ротација

Со пет гола и на оваа средба, Халил Јагањац беше меѓу поефикасните во Металург, а со тоа придонесе за силниот отпор против Монпелје. Тој е прв стрелец на „металурзите“ сезонава така што остана меѓу најдобрите напаѓачи во ЛШ.

„Сакам да им честитам на ракометарите на Монпелје. Победата им е потполно заслужена. Ние се обидовме да одиграме најдобро што може и дадовме максимум. Се боревме со сите сили до последен момент, но за повеќе од ова мора да се одигра совршен натпревар. Денеска ни недостигаше сила и уште еден до двајца играчи плус во ротација. Се држевме добро до 55 минута, но не успеавме да го одржиме ритамо и во последните пет минути“, коментираше Јагањац.