Фуксе Берлин остана без капитенот на подолг период

Екипата на Фуксе Берлин доживеа голем хендикеп откако нивниот капитен Ханс Линдберг се пожали на боли во коленото и мораше да направи операција на менискусот.

300x250

Времето кое ќе го помине надвор од терените е непознато. Повредите не се единствениот проблем за тимот од Берлин бидејќи после ваквата разврска единствен играч кој може да ја покрива десната крилна позиција е Матиас Захрисон. Несреќите на тимот се провлекуваат и во Бундес-лигата каде во нивниот прв натпревар загубија од Гепинген со 21:18.

Круна на проблемите е и неможноста за понатамошно трошење бидејќи како што беше објавено од неодамна тимот оваа сезона ќе биде во минус од 500 000 евра.

Проблемите со повредите ќе им ги намалат и шансите за постигнување добар резултат на Супер глоуб турнирот во Катар кој треба да го освојат за да го надополнат минусот. Овие недостатоци можат да ги чинат скапо берлинците, а воедно и Бундес-лигата би загубила многу.