Фуријата ја декласира Чешка за први бодови на ЕП

Во премиерниот натпревар од групата Д на ЕП во Хрватска чиј домаќин е Вараждин, Шпанија стигна до првиот триумф очекувано славејки над Чешка со 32-15 (16-9).

300x250

Уште од самиот почеток на натпреварот избраниците на Жорди Рибера наметнаа темпо кое Чешка можеше да го следи само во почетните десетина минути кога Шпанците имаа минимална позитива од 5-4. Од тој момент црвената фурија започна да ја зголемува својата предност и благодарение на расположените Канељас и Ривера стигна до +6 (11-5). Феран Соле преку контра напад го реализираше својот трет погодок за највисоки 14-7, предност која Шпанците ја зачуваа до крајот на првото полувреме за конечни 16-9.

Во второто полувреме фуријата продолжи да ја “меле” Чешка постојано зголемувајки ја предноста за на крајот Чешка да доживее вистински дебакл.Конечните 32-15 само ја потвдуваат разликата во класи помеѓу овие две репрезентации.

Најефикасни кај фуријата беа Ривера, Ентрериос и Соле кои постигнаа по 5 погодоци. Во Чешката репрезентација Каспарек 5 пати ја затресе противничката мрежа.

Двете репрезентации продолжуваат со своите настапи на 15.јануари. Шпанија од 18 часот и 15 минути ќе се сретне со Унгарија, а Чешка за противник ќе ја има Данска. Овој натпревар е закажан за 20 часот и 30 минути.