Фуриозна Преспа на гости кај Весна Акумулатори

Ракометарите на Преспа оствари висока победа на гостувањето во Пробиштип кај Весна Акумулатори со 24-34, во натпревар од четвртото коло во групата 1 од Првата лига.

Домашните во првиот дел успеваа колку-толку да бидат рамноправни, но гостинската екипа замина на пауза со предност од 12-18.

Во вториот дел се беше полесно за ресенчани, кои иако играа со само десет ракометари во ростерот сепак ја покажаа разликата во класи меѓу двете екипи.

Најдобри поединци кај Преспа беа левото крило Филип Шиклевски со 13 голови и левиот бек Кире Башевски со 11 погодоци, додека кај Весна Акумулатори, Бобан Арсов даде осум, а Васе Петров седум голови.