Фудбалска поддршка во Вараждин: Спировски и Ристевски навиваат за ракометарите

Репрезентативците на Македонија во фудбал, Стефан Спировски и Кире Ристевски се на трибините во Арената во Вараждин и денеска ќе навиваат за ракометарите во мечот од втората рунда против Шпанија.

300x250

Двајцата фудбалери настапуваат во првенството на Унгарија, а со оглед на тоа што Вараждин е место кое е во близина дојдоа да дадат поддршка на своите колеги спортисти. Успехот кој го приредуваат ракометарите е секако за поздравување од сите страни.

Обично ракометарите можеа да се видат на трибините на фудбалските терени, но кога се работи настап на големите шампионати тогаш ракометарите се главни бидејќи се постојано присутни. Затоа секоја поддршка од колегите спортисти е значајна и секогаш добредојдена.