Фудбалска атмсфера на ракометен меч (ВИДЕО)

Првиот дуел во историјата на грчкиот ракомет меѓу ПАОК и Олимпијакос, заврши нерешено, 17:17. Од оваа сезона и спортското друштво Олимпијакос од Пиреја има своја ракометна секција, па и на ракометните терени се пренесе големото ривалство со тимот од Солун.

Атмосферата на дуелот на кој присуствуваа и навивачите на фудбалските тимови од истите спортски друштва, беше навистина одлична, иако паднаа само 34 голови. Погледнете…