Француски репрезентативец не успеа во Барса, па по минутажа се пресели во Екс Прованс

Екипата на Екс Прованс која се натпреварува во најслината лига на Франција доби ново супер засилување. Станува збор за играчот на Барселона, Јанис Лене кој во потрага по минутажа доаѓа на едногодишна позајмица во францускиот состав.

Јанис Лене е играч кој настапува на позицијата десно крило, но во таборот на Барселона на истата позиција се одличните Виктор Томас и Алекс Абељо Гомез и токму поради тоа Лене не успеа да добие место во составот на Барселона.

Покрај тоа што тимот предводен од Стефан Камбриел ќе биде одлично засилиен, доаѓањето на Лене ќе преставува и соодветна алтернатива за повредениот Габриел Лоеш.

Францускиот репрезентативец својата кариера ја почна во Франција во екипата на Селеста пред да му се придружи на шпанскиот шампион. Репрезентативец е на Франција од 2016 година и за селекцијата забележа 11 настапи и постигна 16 гола.