Францускиот Брест добива германски шмек

Од следната сезона 26-годишната германска репрезентативка Евгенија Миневскаја ќе се пресели во францускиот шапионат и ќе ги брани боите на амбициозниот Брест Бретањ.

Германката има белоруско потекло, а нејзините родители Андреј и Светлана беа познати репрезентативци на некогашниот Советски Сојуз и потоа на Белорусија.

Миневскаја има одиграно 72 натпревари за германската репрезентација, а оваа сезона го носеше дресот на Мецинген, со кој играше во Купот на ЕХФ.

Левиот бек потекнува од школата на Трир, а играше и за Росток, Турингер и Лајпциг. Заедно со Миневскаја, од Мецинген во Брест, се сели и полската репрезентативка Моника Кобилинска.