Француската судиска двојка во Скопје ќе се збогува со интернационалната кариера

Македонија ќе го одигра последниот натпревар оваа сезона против селекцијата на Чешка. Токму овој натпревар од квалификациите за ЕП во Хрватска ќе одлучи која од двете репрезентации ќе биде носител во групите на континенталниот собир. Македонија и Чешка веќе обезбедија пласман на ЕП, а онаа репрезентација која ќе загуби во Скопје, како најдобро третопласирана екипа ќе го обезбеди последниот билет за европскиот шампионат.

Меѓутоа натпреварот во Скопје, меѓу Македонија и Чешка ќе има друго значење за делителите на правдата на овој натпревар. Француската интернационална двојка Тијери Денц и Денис Реибел по 15 години успешна интернационална кариера ќе се збогуваат со публиката, официјалните лица и ракометарите. Токму натпреварот меѓу Македонија и Чешка во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде последен интернационален настап за искусните француски судии кои во својата богата кариера ги поминале сите поголеми настани, вклучувајќи го и полуфиналето на Фајнл Фор турниот во Лигата на шампионите сезоната 2012/2013, a во 2014 година биле прогласени за најдобар судиски пар во националната лига на Франција.


Thierry Dentz et Denis Reibel élus meilleur… by LFH