Франција ќе биде засилена со еден од најголемите ракометни таленти

Во пресрет на репрезентативните обврски и дуелите против Данска, селекторот на Франција-Дидие Динар се соочува со мали проблеми.

Францускиот селектор за престојните два натпревари против Данска нема да може да смета на услугите на десниот бек Валентин Порт, па на негово место е повикан неговиот клупски колега  од екипата на актуелниот европски шампион Монпелје, Мелвин Ричардсон.

Порт утрово беше на прегледи кои ја потврдија сериозноста на повредата на зглобот на десната нога, по што селекторот Динар беше принуден да го повика младиот Ричардсон за престојната репрезентативна акција.

Франција полека но сигурно направи успешна смена на генерациите, а по тоа што имавме можност да го видиме како ревија на ракометари на овогодинешниот Ф4 во Келн заклучокот е дека оваа ракометна велесила уште долго ќе владее во репрезентативниот ракомет.

Мелвин Ричардсон е една од плејадата млади ракометни ѕвезди кои добиваат шанса во А селекцијата, и исто како и во својот клуб Монпелје несомнено ќе ја искористи на најдобар можен начин.