Франција е спортска велесила, поседува три мундијалски круни во исто време

Франција ја слави титулата Светски првак во фудбал, а оваа земја во исто време ја поседува и круната на Мундијалите и во ракомет и тоа и во машка и во женска конкуренција.

Ова е податок кој дефинитивно ја вбројува Франција меѓу најспортските земји во светот. Французите беа светски шампиони во фудбал и во 1998 година, но тогаш во исто време не беа и во ракомет.

Оттаму оваа 2018 година останува запишана во историјата на францускиот спорт бидејќи во исто време се актуелни светски прваци во фудбал и во ракомет и во машка и во женска конкуренција.

Дефинитивно се спортска велесила и со ова само потврдуваат дека системот на работа им е одличен и дека во моментов се на вистинската патека. Воедно имаат и домашни селектори во секој од националните тимови кој успеа да дојде до трофејот на светските првенства, па оттаму секој од овие успеси е уште поголем.

Инаку, машката ракометна репрезентација на Франција во 2017 година дојде до својата 6. круна на Мундијалите со што е најуспешна нација на Светските првенства бидејќи никој нема толку златни медали досега. Дамите, пак, минатиот декември дојдоа до втората круна на Мундијалите, а фудбалерите исто така изброија до две титула на шампионатот во Русија.