ФОТО НА ДЕНОТ: Тимски дух – Победничка атмосфера, сплотува и зближува

Ракометарките на Вардар триумфираа во ВРХЛ лигата откако во финалето го победија традиционално незгодниот ривал Будуќност. Во мечот за златниот медал „црвено-црните“ девојки извојуваа победа со 27-25 (15-14), што е добра увертира пред настапот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта. Нема дилеми дека вардарки ќе ги освојат и лигата и Купот на Македонија, па може да се констатира дека започна жетвата на трофеи за сезонава, која се надеваме дека ќе продолжи во главниот унгарски град….