ФОТО НА ДЕНОТ: Сè е тажно кога си сам

Средбата меѓу Бутел Скопје и Прилеп заврши со резултат 31:18 и на овој дуел домашните немаа никаков проблем бидејќи гостите беа со само осум ракометари на теренот.

300x250

Сепак, во центарот на вниманието остана клупата на гостите каде се најде само еден играч. Прилеп целиот меч го одигра со шест ракометари во поле и двајца голмани, а резервниот Андреј Талески остана сам на клупата.

Тој мораше да ја извршува задачата и на тренер и да бара тајм-аут. Имаше навистина тешки 60 минути во кои беше навистина тешко да се седи сам на клупата покрај аут-линијата и да се гледа овој тежок дуел во кој имаше административен пропуст и повеќето од играчите не можеа да настапат.