ФОТО НА ДЕНОТ: Радост за сите пари!

Македонскиот првак Вардар од гостувањето во Германија се враќа со два погодока предност (24-26) по првиот четвртфинален дуел. Фленсбург во Скопје ќе бара победа повисока од три голови, за пласман меѓу надобрите четири екипи во Европа. Во „црвено-црниот“ табор веќе се чуствува мирисот на Ланксес Арената во Келн, но мора мотивирано да се одигра и второто полувреме од овој двомеч, овојпат пред македонската публика во „Јане Сандански“.

Вардарци својата радост во Германија можеа да ја споделат со своите најверни навивачи кои отпатуваа во Фленсбург да го бодрат својот тим и да присуствуваат на историскиот момент и првата победа на гостување во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Фанови од Македонија, но и македонци кои судбината ги однела во Германија одвоија дел од своите семејни буџети за да присуствуваат на овој дуел, да се радуваат со своите миленици и да ги бодрат до големите два погодока разлика. Славјето започна уште на полувреме, кога Вардарци имаа предност од 9-15 и знаеја како да им се оддолжат на македонските фанови во Фленс Арената, останатото е историја…