ФОТО НА ДЕНОТ: Македа во дилема, за кога да навива

Ракометарките на Вардар со победа во последното коло од главната фаза во Лигата на шампионките го поправија впечатокот од изминатите две недели. Германскиот шампион Турингер не беше на нивото на „црвено-црните“ и на крајот мораше да замине од Скопје со пораз од десет голови разлика (36-26).

На трибините во Јане Сандански натпреварот го следеа и ракометарите на машкиот колектив, а овој дуел со посебен интерес го следеше и вардаровиот десен бек Хорхе Македа. Девојката на шпанскиот интернационалец Макарена Агилар оваа сезона настапува за составот на Турингер, па навистина беше интересно да се видат реакциите на Македа за време на овој дуел.

Вардарци денес (17:30) го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Кристијанштад, а поддршката од Агилар, која денес го прославува својот 32 роденден, сигурно ќе биде мотив повеќе за шпанскиот ас.