ФОТО НА ДЕНОТ: Кога желбите стануваат реалност…

Вардар е првата екипа што трипати ја освојува регионалната СЕХА Газпром лига откако во финалето во Брест, ракометарите на Раул Гонзалес со 26-21 (11-11) го победија Веспрем. Ова е прв трофеј сезонава за „црвено-црните” на неколкуте фронта каде се борат за највисоките одличја. Покрај прославата на титулата, во соблекувалната на вардарци се славеше и 23-тиот роденден на левиот бек Вуко Борозан. Тој пред финалето, посака подарок за неговиот роденден, титула во СЕХА. И желбата му се оствари….