ФОТО ВЕСТ: Кој ќе се искачи на врвот во Келн?

Завршницата на Лигата на шампионите во ракомет по деветти пат ќе ги отвори вратите на Ланксес Арената во Келн. Добро проверен тим стои позади органзација на овој турнир на четирите најдобри екипи, и речиси сè е идентично како минатата година, освен екипите кои ќе се натпреваруваат.

И оваа година довербата кога е во прашање сместување на ракометарите ја доби елитниот хотел Radisson Blu, а дека органзиацијата во Келн е добро подмачкана машинерија остава и првиот впечаток кога ќе влезете во базата на ракометните гиганти. Уште на почетокот ќе ве дочека знак за добредојде, љубезни волонтери на пултот на ЕХФ ќе ви објаснат сè што ве интересира за Фајнл Фор турнирот, а до собите можете да пристигнете преку еден од четирите лифтови, секој брендиран во духот на тимовите кои ќе се борат за трофејот.

Бенои Кункуд, Тимур Дибиров, Домик Клајн или … Изборот е ваш.

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк.