ФИЈАСКОТО КОМПЛЕТИРАНО: Младинките со пораз од Фарски Острови го заврши настапот во втората дивизија

Женската младинска репрезентација на Македонија со пораз од Фарски Острови од 30-28 го заврши настапот на ЕХФ шампионатот во Литванија.

На крајот подобри сме само од Косово и Грузија, а бидејќи овој шампионат е практично „втора дивизија“, во генерален пласман би биле 27 место во Европа од вкупно 34 земји што се натпреваруваат во младинска конкуренција.

Ако се знае дека од носителките на игра во оваа селекција, се очекува да бидат главни на Европското првенство за сениорки во 2022 година во Македонија, тогаш лошо ни се пишува.