Ривалот на Еурофарм се засилува: Финскиот Кокс потпиша со Босанецот Мемиќ

Сите тимови ги кројат ростерите за следната сезона во Лигата на шампионите, а шампионот на Финска, Рихимаен Кокс ја засили бековската позиција. Од следната сезона е член на тимот од Финска ќе биде Босанецот Алис Мемиќ.

Тој настапува на позицијата десен бек, а во Рихимаен Кокс пристигнува од првенството на Израел од екипата Нез Тиона. Договорот е со важност од една година и можност за продолжување на уште една.

„Сигурен сум дека меѓународното искуство и квалитетот на Мемиќ ќе ја подобри нашата игра на десната страна. Тој е различен тип на играч од Виталиј Неница. Тоа ни дава нови можности за играта во напад“, рече тренерот на Кокс, Гинтарас Савукинас.

Рихимаен Кокс и следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и се наоѓа во иста група со Еурофарм Работник.