Финалето низ фотки: Искуството на Вардар го „прегази“ Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар одигра уште еден импресивен натпревар во финалето од седмиот Ф4-турнир во СЕХА и го доби мечот против ППД Загреб со 26:24. Ова беше интересен меч во кој нијанси пресудија за победникот, а вардарци демонстрираа квалитет кој беше сосема доволен за радост на овој дуел.

300x250

Загреб се покажа како одличен ривал и успеа постојано да биде во трка за победа на овој меч, но момците немаа сили во завршницата. Тогаш до израз дојде и искуството на ракометарите на Вардар кои успеаја набрзина да обезбедат високо водство и без проблеми да се изборат за мирен финиш.

На крајот разликата од два гола не е реална бидејќи Вардар можеше да слави и со поголема разлика, но од сè најважна е победата.