Филмот заврши на коло до крај: Вардар го дозна ривалот за Ф4 во Сеха

Ремито од 28:28 на гостувањето во Панчево за екипата на ППД Загреб беше доволно за да дојде до збир од 35 поени после 17 средби во сезоната во СЕХА-лигата.

Ова воедно го одреди и противникот на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир кој од 13 до 15 април се одржува во Скопје. Тимот на Брест Мешков од Белорусија ќе биде противник на Вардар на полуфиналниот дуел со оглед на тоа што овој состав не може никако да се искачи место повисоко на табелата така што е сосема јасно кои се полуфиналните двојки.

Вардар ќе се соочи со Брест, додека ППД Загреб и Целје ќе ги одмерат силите во другото полуфинале.

На тој начин последното коло кое ќе се игра в сабота и в недела ќе биде само формалност за комплетирање на сезоната.