Филип Чурлевски: Се надевам дека ќе добијам шанса за деби во Битола

Еден од ракометарите на Еурофарм Работник, кој е дебитант меѓу сениорите, Филип Чурлевски после настапот на Медитеранските игри доби шанса за игра и во сениорскиот состав, а дебито може да го има на домашен терен.

„Искрено и очекував и не очекував да се најдам меѓу 20-те ракометари кои ќе бидат во комбинација за дуелите со Турција и Грција. Ова ме воодушеви позитивно. Чувствата се измешани. Среќен сум, но чувствувам и одговорност во исто време“, коментираше Чурлевски за 24 Ракомет.

Тој вети дека ќе работи силно и се надева дека ќе може да настапи пред својата публика.

„Се надевам дека ќе добијам шанса, но останува да видиме што ќе се случи в четврток. Селекторот е тој што одлучува и решава кои играчи ќе играат. Мое е да бидам подготвен и да работам. Играме две средби во четири дена и сметам дека треба да ги добиеме и двете. Очекувам да победиме и во Битола и во Кожани“, изјави Чурлевски кој е задоволен од тоа како течат работите сезонава во првенството со тимот од Еурофарм Работник и од тоа како се движи неговата форма.