Филип Миркуловски: Сега е важно да се одмориме

Филип Миркуловски како и секогаш одигра неверојатно борбено. И во нападот и во одбраната тој понесе голем товар, па на крајот од средбата имаше огромен придонес во понедата.

300x250

„Направивме неколку глупави грешки на почетокот. Ни требаше време за да влеземе во мечот. Потоа откако се вративме се играше гол за гол. Успеавме да се снајдеме и кога беше најпотребно да го покажеме најдоброто. Сега ќе ни треба време за да се одмориме и да се вратиме во ритам и да можеме добро подготвени да го дочекаме дуелот против Црна Гора“, изјави Миркуловски.

Следниот дуел за Македонија е в понеделник од 20:30 часот, а противник е селекцијата на Црна Гора.