Филип Миркуловски: Разликата требаше да биде повисока

Машката сениорска репрезентација на Македонија се наоѓа на пат кон нов пласман на Светските првенства, а за да се случи тоа ќе треба в среда во Клуж да се издржи и да се дојде до севкупен триумф.

300x250

Предноста е убава, па сега на потег се ракометарите кои ќе треба истата да ја зачуваат или со нова победа уште повеќе да ја зголемат.

„Осум гола разлика изгледаат многу, но според мене разликата на крајот требаше да биде и повисока. Не бевме најконцентрирани. Договореното од пред натпреварот успеавме да го исполнивме. Во нападот одигравме доста добро, но во одбрана имавме пропусти при одбиените топки, а и промашивме три седмерци. Сè на се сум задоволен, но не е сè готово бидејќи треба да изиграме максимално и на гостувањето. Романија знае да биде незгодна бидејќи игра многу подобро пред своја публика. Можеби на овој дуел не се покажаа во најдобро издание, но ние сме искусна екипа и со максимално ангажирање ќе ја завршиме работа“, изјави после натпреварот Филип Миркуловски.

Ракометарите утре заминуваат за Романија каде ќе имаат и тренинг, па задутре од 17:30 часот ќе имаат можност да го одработат она што се очекува од нив.