Филип Лазаров ќе дебитира за Бешикташ во вторник

Филип Лазаров ги среди формалностите со екипата на Бешикташ и веќе е нов член на тимот од Истанбул. Тој му се придружи на Немања Прибак и ќе ја продолжи кариерата во Турција, а своето деби го очекува веќе следната седмица.

„Вчера ги средивме сите детали и го потпишавме договорот со челниците на Бешикташ. Потоа ги минав и лекарските прегледи. Бешикташ е сериозен клуб со големо реноме, организациски е на високо ниво. Се работи за клуб кој е шампион на Турција во последните 8-9 години.

Моментално сум кај Немања Прибак додека не најдам соодветно сместување во Истанбул. Денес Бешикташ има натпревар, но поради постапката за регистрација се надевам дека ќе дебитирам веќе во вторник во домашниот шампионат. Во Лигата на шампионите може да се пријави нов ракометар после 5. коло. Затоа, пак, веднаш по ЕХФ неделата ќе имаме згуснат распоред со четири натпревари во националното првенство и четири дуели во Лигата на шампионите. Засега сè е добро“, изјави Лазаров за 24ракомет.