Филип Кузмановски: Додека имавме сили бевме рамноправни со Вардар

Капитенот на „металурзите“, Филип Кузмановски ги предводеше колегите до добра игра во првите 45 минути од средбата, но ниту тој ниту колегите не успеаја да го одржат нивото за да можат да стигнат до подобар резултат на оваа средба.

Металург парираше на теренот и тоа беше позитивно за момците така што може да се очекуваат добри резултати на следните дуели односно да се зголемува ритамот како што ќе минува времето.

„Имвме добро прво полувреме и му париравме на Вардар. Сепак, така беше додека имавме сила. До тој момент и игравме добро. Вардар ја направи разликата откако ние го загубивме ритамот. Ова е само прв натревар и имаме простор за напредок. Млада екипа сме, а ова ни е прва официјална средба во СЕХА, па очекуваме да бидеме подобри“, рече Кузмановски после средбата.

Следниот дуел за Металург ќе биде на дуелот во Белорусија против Мешков Брест кој ќе биде исто така голем предизвик за тимот од Автокоманда.