Фер-плеј момент: Со вакви потези спортот добива поинаква димензија (ФОТО)

На средбата меѓу Спортинг и Металург имаше голема битка за победата, но и големо надигрување. И двете екипи имаа свои моменти, но на крајот Португалците славеа со 31:27.

Сепак, од овој натпревар остана забележан еден друг момент. При повреда на играч на Спортинг, Вања Илиќ заедно со физиотерапевтот на тимот од Лисабон помогна ракометарот да излезе од теренот.

Дефинитивно потег за секоја почит бидејќи секогаш треба да се помогне на оној што е повреден без разлика колку е важен натпреварот и колку некој сака да победи.

Фото: Ana Paula Andrade