Ференцварош останува без клупските икони – Пена и Зикора се селат во Шиофок

Тимовите се во завршни фази од своите натпреварувања, а трансфер пазарот е на самиот праг. Неколку трансфери се официјализираа, а за многу други се уште се шпекулира.

Екипата на Ференцварош ќе претрпи одредени промени во ростерот. Заминува одличната Нереа Пена, а често повредената голманка, Мелинда Зикора е пред иста судбина.

Од Ференцварош ќе замине и Бобана Кликовац, која од следната сезона ќе настапува за Крајова, а постои можност, тимот да го напушти Ѓурѓина Маловиќ.

Ференцварош од друга страна, се поврзува со двете ракометарки на Турингер – Емили Болк и Алисија Столе. Приоритетни опции им се Норвежанката Ела Рајстад и чешката репрезентативка Ивета Лузумова.

Ѓер е силен фаворит за да ја одбрани титулата на сите полиња, додека Ференцварош ќе се обиде да им ги замрси сметките.