„Фармацевтите“ преку Барселона до Ирун: Еурофарм против Бидасоа ќе бара први бодови во ЛШ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва пристигнаа во Барселона, а патот до крајната дестинација Ирун ќе го продолжат во текот на утрешниот ден.

Избраниците на Стевче Алушовски против Бидасоа ќе ги бараат првите бодови во Лигата на шампионите, откако претрпеа два минимални порази од Спортинг и Савехоф.

Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун, која има две победи во два меча, и нашиот вицепрвак ќе се игра в недела со почеток во 12:10 часот.