Фантастична најава за четвртфиналниот дуел против Кил: „Каубоите“ на Барселона во потера по титулата (ВИДЕО)

Во пресрет на четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите, каталонскиот гигант ги пушти во продажба картите за возвратниот меч против Кил кој ќе се одигра на 29 април во „Блауграна“ со почеток од 18:30. Она што ги разликува од останатите клубови во Европа е начинот на кој шпанскиот првак го промовираше елиминацискиот натпревар кој води до трофеј во елитното натпреварување.

Барселона втора година по ред за место меѓу четирите величествени ќе се соочи со бундеслигашот Кил. Минатата сезона „зебрите“ обезбедија пласман во Келн (победа од 29-24 во Германија и 33-30 пораз во Шпанија). Оваа сезона новиот двобој повторно започнува од Кил, а натпреварот е закажан за 23 април со почеток во 17:30.

Во вестерн стил со наслов „18 Величествени“, преку кратко видео тренерот на Барселона ги мотивира своите „каубои“ да дојдат до „бараниот“ трофеј во елитното натпреварување. Останатото можете да го погледнете во продолжение…