Фановите со транспарент му го честитаа бракот на Филип Талески со Ена (ФОТО)

Средбата меѓу Рајн Некар Левен и Лемго ја донесе првата победа за Филип Талески и колегите во новата сезона. Рајн Некар славеше на овој дуел, но од оваа средба остана еден друг момент кој го приредија фановите на репрезентативецот на Македонија.

Тие одлучија на свој начин да му го честитаат стапувањето во брак и подготвија транспарент на кој му посакаат од срце среќа во заедничкиот живот со Ена.

Филип Талески веќе е миленик на фановите на Рајн Некар, но има и голем број на поддржувачи од Македонија кои живеат во Германија, па тоа му овозможува да прикажува добри игри во сите натпреварувања во кои учествува со својот тим.