„Фалангата“ го освојува Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Македонија вечерва со почеток во 19:30 часот ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Хрватска, а противник ќе биде стартиот должник Словенија, предводена од миленикот на нашата публика, Веселин Вујовиќ.

Нашите навивачи веќе во голем број се пристигнати во главниот хрватски град, и ги окупираат неколкуте фан зони, пред да се упатат кон „Арена Загреб“ и да им дадат поддршка на ракометарите во битката кон првата победа.

Најавено е присуство на околу 2000 навивачи, кои ќе бидат голем адут на нашите играчи на натпреварите против Словенија, Црна Гора и Германија.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”random” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”227″]