„Фалангата“ го заборави походот на Чешка: Само „фаци“ ја гледаа Македонија во „Борис Трајковски“

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка го отвори 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, но ракометарките не успеаја да издржат 60 минути и претрпеа пораз од 29:37 откако имаа 14:14 на полувреме.

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ немаше навивачи од популарно наречената „Фаланга“, но затоа имаше голем број на тренери кои дојдоа да им дадат поддршка на девојките.

Тука беа поранешниот селектор на машката репрезентација на Македонија, Илија Темелковски, кој во моментов е без ангажман после заминувањето од Струга. Тука беа и Гордана Нацева, Милева Велкова, Ања Алтхаус, Веселинка Треноска, Владимир Радиќ, поранешната репрезентативка Мирјета Бајрамоска… како и првите луѓе на РФМ.