Фаворитите обезбедија четврт-финале на СП во Унгарија

Репрезентациите кои влегоа во завршница на Светското првенство за ракометарки до 20 години денеска ги одработија дуелите од осминафиналето, а таму немаше изненадувања. Селекциите кои пред средбите важеа за фаворити успеаја да дојдат до победи и само го потрдија местото во следната рунда.

Сите селекции беа на потребното ниво и покажаа дека до крајот ќе има голема битка за златото, а дефинитивно е јасно дека Унгарија и Русија важат за фаворити за пласман во финалето.

Веќе се познати и четврт-финалните двојки, а таму дерби дуелот е меѓу Норвешка и Франција. Инаку, осумте селекции кои влегоа во завршницата се меѓу најдобрите и во сениорска конкуренција, па ова е само потврда дека овие земји и понатаму работат одлично и во иднина ќе имаат квалитетни репрезентации.

Четврт-финалните пресметки ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден.

РЕЗУЛТАТИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕ

РУСИЈА – БРАЗИЛ          32:20 (16:10)

РОМАНИЈА – ХРВАТСКА             28:25 (18:12)

ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА            22:30 (12:14)

УНГАРИЈА – СЛОВЕНИЈА             31:17 (12:10)

ИСЛАНД – НОРВЕШКА 30:35 (15:15)

ЦРНА ГОРА – КОРЕЈА    23:28 (11:16)

ФРАНЦИЈА – ЈАПОНИЈА              29:25 (14:13)

ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА                25:24 (9:12)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА

ЈУЖНА КОРЕЈА – ДАНСКА

РУСИЈА – ХОЛАНДИЈА

НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА