Фаворитите за полуфинале во Грузија се изделија уште на стартот

Репрезентациите кои ќе конкурираат за место во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија се изделија после одигрувањето на средбите од 1. коло. Квалитетот се појави на виделина, па сега е прашање како ќе се одвиваат настаните во следните неколку денови.

Денеска се игра комплетното 2. коло после кое ќе биде многу појасно како ќе течат работите. Македонија е на испит против Луксембург, додека Швајцарија ќе мора да ја потврди играта од вчера и против Литванија.

Во другата група Белорусија се издели како кандидат за полуфинале, но денеска ќе се соочи со домаќинот.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

ГРУПА А

1.КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – ЕСТОНИЈА     33:22

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛУКСЕМБУРГ  26:32

МАКЕДОНИЈА – ЛИТВАНИЈА            32:30

2.КОЛО(ДЕНЕСКА)

09:00ч

ЕСТОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

11:00ч

ЛИТВАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

13:00ч

ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Б

1.КОЛО

ФИНСКА – ГРУЗИЈА    25:25

БЕЛОРУСИЈА – ГРЦИЈА          32:22

2.КОЛО (ДЕНЕСКА)

15:00ч

ГРУЗИЈА – БЕЛОРУСИЈА

17:00ч

ГРЦИЈА – ИТАЛИЈА