Уште три екипи им се придружија на вардарки во четврт-финалето од ЛШ

После Вардар пласман во четврт-финалето обезбедија и составите на ЧСМ Букурешт, Ѓер и Мец.

Ова се четирите екипи кои во моментов си имаат сигурно место во елиминациите, а во следните три кола ќе бидат познати и другите состави кои ќе се придружат на оваа група.

Инаку, во 3. Коло од втората фаза немаше некои поголеми изненадувања. Двете ремија во групата 1 беа неочекувани, но затоа во групата 2 фаворитите без проблеми се радуваа на победи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ)

ВТОРА ФАЗА – РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА 1

КРИМ М. – ЃЕР 21:32

НИКОБИНГ – МИТЈИЛАНД         21:21

ЧСМ БУКУРЕШТ – РОСТОВ ДОН         22:22

ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 11 бода (205:169), 2. Ѓер 10 (187:158), 3. Ростов Дон 9 (174:160), 4. Никобинг 5 (174:196), 5. Крим Меркатор 4 (168:201), 6. Митјиланд 3 (154:178).

ГРУПА 2

ВАРДАР – БУДУЌНОСТ 31:24

ФТЦ РАИЛ КАРГО – БИТИГХАЈМ             31:22

ТУРИНГЕР – МЕЦ            29:31

ТАБЕЛА: 1. Вардар 14 (219:174), 2. Мец 10 (183:176), 3. ФТЦ Раил Карго 8 (206:188), 4. Будуќност 6 (178:182), 5. Турингер 2 (170:201), 6. Битигхајм 2 (172:207).