Уште едно заминување од Битола: Милан Поповиќ нема да остане во Пелистер!

Најдобриот играч од штотуку изминатата сезона во Пелистер, Милан Поповиќ, кој се чини дека беше единствено погодено засилување, заминува од битолскиот тим.

Левото крило заедно со Кобетиќ, кој исто така си оди, беа ударната двојка во нападот на битолчани, но Пелистер не ја научи лекцијата од минатите години и одново ќе мора да менува од корен.

Покрај Поповиќ и Кобетиќ, блиску до заминување е и Борјан Маџовски, а ако ги додадеме Чантурија, Гуглета, Станојевиќ и Ѓорѓески, добиваме цела постава на ракометари што нема да биде дел од Пелистер.

Битолчани ќе мора што побрзо да се активираат на пазарот и да ги донесат неопходните засилувања, доколку сакаат да го повторат резултатот од оваа сезона, односно пласманот во плеј-офот.