Уште една успешно одработена задача за вардарки

Шампионките одиграа еден од заостанатите натпревари од есенскиот дел во Женската лига и го совладаа Куманово со убедливи 42:15, а на таа средба имаа и две нови ракометарки (Гичевска и Николиќ) кои се преселија од Вардар јуниор.

За текот на играта и не треба да се опишува бидејќи резултатот говори самиот така што ова беше само одработување на задачата за вардарки коишто првпат сезонава имаа шест Македонки во тимот на еден натпревар.

КУМАНОВО – ВАРДАР 15:42 (10:19)

Сала: Х. Т. Карпош во Куманово. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

КУМАНОВО: Наумоска, Дичковиќ, Стојчевска, Пецанова 1, Борчевска, Живковска, Трајковиќ 1, Ивановска 3, Пеовска 6, Боризовска 1, Стојановска, Петковска, Цветановска, Кипријановска 3, Пецевска, Костадиновска

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

ВАРДАР: Мицевска, Суслина, Саздовска 4, Кузнецова 1, Лазовиќ 3, Керамичиева 8, Чанаџија 5, Хмирова 6, Петровиќ 1, Гичевска 6, Ристовска 6, Николиќ 2.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.