Уште една легенда на полскиот ракомет ја завршува кариерата

После Карол Билецки уште еден ракометар од легендарната генерација која освои неколку медали и беше редовно во врвот на големите натпреварувања, одлучи да стави крај на својата кариера.

Се работи за пивотот Бартош Јурецки кој е повлекува од активното играње иако пред неколку месеци го продолжи договорот со тимот на Азоти Пулави.

Тој одлучи на 39 години да стави крај на играњето и да се посвети на тренерската кариера. Во иднина ќе мисли на тренирањето на момците така што ќе има што да им пренесе бидејќи имаше одлична кариера.

За репрезентацијата на Полска Јурецки постигна 729 гола на 234 натпревари. Има еден сребрен и два бронзени медали на Светските првенства, а на Олимписките игри во Рио де Жанеиро го освои 4 место.