Уште еден ривал на Вардар „запали“ мотори: Мешков Брест тргна со подготовките за новата сезона (ФОТО)

Мешков Брест како и поголемиот дел од екипите ширум Европа ги започна подготовките за наредна сезона. За прв пат со новите соиграчи тренираше и Французинот Вилијам Акамбре кој се очекува да биде големо засилување за белорускиот шампион.

Екипата ќе се подготвува во Брест до 4 август. После напорните тренинзи во сала и теретана играчите ќе ги продолжат подготовките во Словенија. Таму ќе останат од 4 до 15 август каде што ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари.

Од Словенија, Мешков се сели во московската област Чехов каде што ќе учестуваат на турнирот Гувернерски куп. Од 16 до 18 август на турнирот ќе учествуваат Металург, Стеауа и Чеховски Медведи.

До крајот на подготовките ќе учестуваат на уште еден подготвителен турнир кој ќе се одржи во Брест, а освен Мешков ќе учествуваат и Кокс, Вест Виен и Ним.