Уште еден ракометар „рипна во тавче“ (ФОТО)

Бројката на ракометари кои летово стапија во брак или ги побараа за сопруги своите девојки стана поголема со уште еден ракометар.

Играчот на Е. Работник, Филип Чурлевски стапи во брак со Ивана Каревска, а регистрацијата се случи во Битола.

Чурлевски и Каревска имаа познати имиња меѓу гостите, а еден од сведоците беше и сега голманот на Охрид, Мартин Јовановски, кој во својата кариера има играно заедно со Чурлевски во ист клуб.

Сепак, нема да има многу време за прослава бидејќи Чурлевски го очекуваат обврски со клубот со оглед на тоа што сезоната е во тек. Е. Работник веќе овој викенд гостува во Скопје кај екипата на Пролет.