Уште еден викенд со добар избор на ракометни дуели

За разлика од минатиот викенд кога главното внимание беше насочено кон Будимпешта овој пат сето внимание оди кон Битола каде ќе се додели уште еден пехар за сезоната, а тој е од Купот.

300x250

Покрај кај мажите викендов ќе има и доделување и на трофеј кај дамите исто така од Купот на Македонија. Сепак, тука не се сите средби туку има и двобои од Првата машка лига, па одново има солидна понуда.

Ова значи дека и викендов ќе можете да изберете каде ќе присуствувате и ќе следите натпревари што ќе ви овозможи да уживате во интересни средби.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ

ПЕТОК, 18 МАЈ

16:30ч

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (Куп на Македонија, мажи)

19:15ч

Е. РАБОТНИК – МЕТАЛУРГ (Куп на Македонија, мажи)

САБОТА, 19 МАЈ

12:00ч

МЛАДОСТ – СТРУГА (Прва машка лига)

15:00ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР (Куп на Македонија, жени)

16:30ч

ФИНАЛЕ (Куп на Македонија, мажи)

17:00ч

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (Куп на Македонија, жени)

17:30ч

ТИКВЕШ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР  (Прва машка лига)

НЕДЕЛА, 20 МАЈ

12:00ч

СПАРТАК – ТЕКСТИЛЕЦ (Прва машка лига)

13:00ч

ФИНАЛЕ (Куп на Македонија, жени)

17:30ч

КУМАНОВО – РУДАР (Прва машка лига)

19:00ч

ПРЕСПА – БУТЕЛ СКОПЈЕ (Прва машка лига)

20:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР (Прва машка лига)