Успешно оперирана ракометарката која се самоповреди на дуелот со Вардар (ФОТО)

Една од најдобрите ракометарки на Ростов Дон, централниот бек Ана Родригес Бело беше успешно оперирана по тешката повреда која ја заработи на полуфиналниот дуел против Вардар.

Родригес Бело при еден напад на својата екипа, лошо згазна при што ги скина лигаментите и беше видливо дека станува збор за сериозна повреда која ќе ја одалечи од ракометните терени на подолго време.

Бело беше успешно оперирана во Будимшепта, а бразилката по завршувањето на операцијата им се заблагодари на сите за поддршката и изрази надеж за што побрзо опоравување и враќање на ракометните терени.

Фото:Ростов Дон/facebook