Успех за Гакидова и Молде, од следната сезона во друштво на Ларвик, Бјасен, Кристијансанд…

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова со тимот на Молде обезбеди пласман во најсилното по ранг натпреварување во Норвешка.  Во 21 коло од норвешката Втора лига, тимот на Молде го совлада директниот конкурент во борбата за промоција, тимот на Фредрикштад со резултат  26:23.

Гакидова на овој дерби натпревар, беше една од клучните ракометарки во одбраната на домашниот тим. Во голема борба на линијата таа успеа да постигне 2 погодоци и да изнуди 2 седмерци. За македонската репрезентативка и Молде преостанува уште натпреварот во последното коло против тимот на Скрим на домашен терен, кој ќе биде само формалност, бидејќи тимот веќе го обезбеди пласманот ранг погоре, па догодина ќе игра против Ларвик, Бјасен, Кристијансанд и останатите.

Б.Ф/Д.А.