Урнебесна реакција на “лудиот” Хајневетер! (ВИДЕО)

Германскиот репрезентативен голман и член на Фуксе Берлин, Силвио Хајневетер е една од нај ексцентричните ракометни фигури во Германија. Популарниот голман постојано предизвикува внимание во јавноста, а и македонските репрезентативци често биле сведок на негово “шоу” токму на дуелите со нашата репрезентација.
Во натпревар од купот на Германија, Фуксе Берлин доживеа непријатна елиминација на домашен терен од екипата на Магдебург, а Хајневетер кој е познат по тоа што не сака да губи имаше урнебесна реакција во клучните моменти од натпреварот. Имено при една “вртенка” на десното крило на Магдебург, Хајневетер на секаков начин се обиде да ја стигне топката , но прекасно. Реакцијата погледнете ја во продолжение..