Урбан Лесјак: Немав никакви контакти со Вардар за трансфер

Првиот голман на Целје, кој си заминува од екипата на крајот на сезоната, Урбан Лесјак, после дуелот против Вардар упати честитки за победата на „црвено-црните“, а демантираше дека имал контакти за да дојде во Скопје.

„Информациите дека ќе дојдам во Вардар не беа точни. Немав контакти со Вардар“, изјави Лесјак.

Во однос на натпреварот тој искажа пофални зборови за играта на вардарци.

„Му честитам на Вардар за победата. Денеска не одигравме како знаеме. Бевме под можностите. Не ја покажавме најдобрата игра во одбрана“, рече Лесјак.