Унгарија на тронот на јуниорскиот женски Мундијал

Репрезентативките на Унгарија одработија одличен турнир на домашен терен и успеаја да дојдат до титулата на Светското првенство. Во финалето ја совладаа селекцијата на Норвешка после голем пресврт.

Во првото полувреме Норвешка имаше предност од 12:10, но уште на стартот на второто полувреме Унгарките успеаја да израмнат и да дојдат до предност, која ја чуваа во текот на целиот втор дел. Финишот беше целосно во знакот на Унгарија и придонесе за победа од 28:22 со што беше обезбедно највисокото место на тронот.

Претходно во битката за 3. место, Јужна Кореја исто така со пресврт ја совлада Русија. На крајот резултатот беше 29:27 за Корејките, додека Русинките имаа водство од 13:10.