Унгарија и Словачка го добија машкото ЕП (ВИДЕО)

Европското првенство во 2022 година во машка конкуренција ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. Овие две земји ја добија трката со конкурентите, а добија одлична можност да бидат организатори на ова натпреварување откако Данска и Швајцарија се откажаа за да се концентрираат на шампионатот две години подоцна.

Во конкуренција беа и Франција, Шпанија и Белгија, но овој пат ќе има шампионат во Словачка и во Унгарија. За Унгарците ваква организација нема да биде ништо ново бидејќи имаа еден шампионат кој го организираа заедно со Хрватска.

Тоа беше секако плус и за ова првенство, а воедно плус беше и добрата организација на женскиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.