Унгарија доби нов селектор пред ЕП!

Селекторскиот двоец Иштван Чокнаи и Владан Матиќ повеќе нема да го предводат националниот состав на Унгарија. Нив им истече договорот на крајот на јуни, а унгарската федерација одлучи да не ја продолжи соработката. Иако имаа солидни успеси и ја однесоа Унгарија на ново првенство сепак не добија награда за тоа.

За селекторската позиција во игра беше и ракометната легенда на Унгарија, Ласло Наѓ во комбинација со Чема Родригез. Овие најави делумно се остварија па на кормилото на Унгарија седнува Иштван Гулјаш, а помошник ќе му биде Чема Родригез како што беше најавено. Договорот е со важност до крајот на Европското првенство во 2022 година.

За Гулјаш ова ќе биде прво искуство да работи со една репрезентација, претходно има работено во повеќе клубови во Унгарија меѓу кои и Веспрем. Тој исто така четири години го предводеше Каитан, клуб од Кувајт. Гулјаш во јануари ќе го има првото големо натпреварување како селектор на Европското првенство во Шведска, Норвешка и Австрија.